Стави крај на хаосот со циклусот, килограмите и хормоните —
со план, поддршка и доктор на твоја страна.
PCOS LIFE е онлајн заедница за жени со полицистични јајници и инсулинска резистенција кои сакаат конечно да го разберат своето тело и да го вратат во свои раце.
PCOS не е „мал хормонален проблем".
PCOS е секојдневен хаос.
Ако барем неколку од овие те опишуваат - ова место е за тебе.
Циклус што доцни со месеци или прескокнува без предупредување и никој не ти дава јасен одговор зошто.
Килограми без мрдање и покрај диети и тренинзи. Намалување на килограми, па враќање дупло, без стабилност.
Акни, влакненца, умор кога одамна не си тинејџерка и знаеш дека „тоа не е нормално".
Страв за фертилитет — дали воопшто ќе можам да забременам? Никој не ти дава директен одговор.
Инсулинска резистенција — вечни кризи за благо, пад на енергија после јадење, тежина што не мрда.
Те вртат во круг — „ослабни 5 кила, земај хормонска терапија и ќе биде добро." А ти гледаш дека не е.
Во 90% од случаите ќе ти кажат:
„Смири се, ослабни, земај апчиња."
А ти гледаш дека не е доволно. Затоа PCOS LIFE постои.
Ова е заедница за жени кои не сакаат да импровизираат повеќе.
✅ Ова е за тебе ако:
- 💜Имаш полицистични јајници, инсулинска резистенција, или и двете - со или без формална дијагноза
- 💜Циклусот ти доцни, прескокнува или е непредвидлив
- 💜Килограмите не мрдаат и покрај „добра исхрана"
- 💜Замора, brain fog, кризи за благо, акни — и не знаеш која е причината
- 💜Размислуваш за бременост и сакаш да се подготвиш правилно
- 💜Спремна си барем 3 месеци да следиш структуриран план
❌ Ова НЕ е за тебе ако:
- 🚫Очекуваш резултати за 7 дена без да менуваш ништо
- 🚫Сакаш „доктор на повик" 24/7 преку Viber или DM
- 🚫Не си спремна да работиш на исхрана, сон и стрес
- 🚫Чекаш магично апче без промена на навики
- 🚫Ти е ок да останеш во ист филм уште 5 години
4 елементи кои функционираат заедно - не сами.
Секој дел е дизајниран да се надополнува. Не е само едукација, не е само заедница — тоа е систем.
PCOS FIX Систем — онлајн програм за 3 месеци
Целосен структуриран програм креиран од д-р Марија (функционална медицина, PCOS, ИР, фертилитет). Работиш во свој ритам, со јасни чекори - без да поврзуваш протоколи од 20 различни Instagram профили.
- PCOS & инсулинска резистенција - зошто без регулиран инсулин нема ништо
- Исхрана за PCOS — протеини, масти, јаглехидрати без вечен дефицит
- Стрес, сон и хормони — зошто „само уште еден email навечер" ти го кочи циклусот
- Воспаление, црева, микробиом — PCOS е цел систем, не само јајник
- Суплементи — кои имаат смисла, кои не, и каде фрлаш пари
- PDF водичи, пример менија, лаборатории, чек-листи
Неделни Q&A сесии со д-р Марија
Секоја недела имаш пристап до Zoom групна сесија. Прашањата ги поставуваш преку посебна форма која се отвора секој понеделник и е отворена до четврток. Д-р Марија ги чита прашањата и одговара директно на групната сесија во живо. Секој сесија се снима и со текот на времето добиваш архива на PCOS одговори: акни, циклус, овулација, инсулин, емоционални падови - без да мораш 10 пати да се враќаш од нула.
Заедница каде не мораш да објаснуваш „што е PCOS"
Место каде никој не ти вика „ај ослабни само". Делиш цели, споделуваш резултати, прашуваш и добиваш - без осуда. Не е анархија, тимот го модерира. Целта е напредок, не бескрајно жалење.
Месечни мини-работилници на HOT теми
Секој месец - една фокусирана работилница. PCOS & слабеење, PCOS & акни, PCOS & фертилитет, инсулинска резистенција одделно — со конкретни насоки, не општи совети. Остануваат во платформата — твоја лична PCOS библиотека.
Јасно и без забуни — ова НЕ е вклучено.
Го пишувам ова директно за да не постои разочарување после уплата.
Во сите пакети НЕ е вклучено:
- Индивидуален протокол или насоки преку Viber, DM или e-mail - здравствени прашања се поставуваат САМО преку Q&A формата
- Итна помош 24/7 — одговорите од тимот доаѓаат во рамките на работното време; одговорите од д-р Марија за клинички прашања - за време на сесиите
- Индивидуална 1:1 онлајн консултација (освен во COMMIT и TRANSFORM пакетите каде е вклучена)
💜 Тимот на Бекамедика е тука за технички прашања, пристап до материјали, откажување, организирање консултации и административна поддршка. Прашања за здравје и проблематиката → форма (отворена понеделник–четврток) → одговор на групна Zoom сесија директно од д-р Марија.
Три нивоа на сериозност.
Избери го своето.
Нема 1000 опции. Нема конфузија. Само јасен избор.
- ✓Целосен пристап до програмата
- ✓Пристап до заедницата
- ✓Неделни Q&A со д-р Марија
- ✓Работилници и записи
- —Нема 1:1 консултација
- —Нема попуст или бонус
За тебе ако: сакаш прво да видиш што има внатре пред да се врзеш, или ти треба максимална флексибилност.
Почнувам со FLEX- ✓3 месеци целосен пристап до програмата
- ✓3 месеци заедница, Q&A, работилници
- ✓Стабилни 90 дена — доволно за реална промена
- ✓🎁 Вклучена 1:1 консултација со д-р Марија
- ✓Пред-сесија анализа + 60 мин Zoom + писмен план
За тебе ако: си уморна од „пробај ова/она" и сакаш 90 дена фокус со личен старт.
Сакам COMMIT →- ✓6 месеци целосен пристап до програмата
- ✓6 месеци заедница, Q&A, работилници
- ✓Максимален континуитет — престануваш да почнуваш одново од нула
- ✓🎁 Вклучена 1:1 консултација (вредност 200€)
- ✓Анализа на PCOS профил + 60 мин Zoom + 6-месечен план
- ✓Препорачано за комплексен PCOS + фертилитет
⚠️ Само 5 TRANSFORM места месечно поради ограничениот капацитет за 1:1.
Одлучувам сериозноСпоредба на пакетите — еден поглед
| Што е вклучено | FLEX 89€/мес |
COMMIT 385€/3 мес |
TRANSFORM 670€/6 мес |
|---|---|---|---|
| PCOS FIX програм (сите модули) | ✓ | ✓ | ✓ |
| Пристап до заедницата | ✓ | ✓ | ✓ |
| Неделни Q&A со д-р Марија | ✓ | ✓ | ✓ |
| Месечни мини-работилници | ✓ | ✓ | ✓ |
| PDF водичи и чек-листи | ✓ | ✓ | ✓ |
| 1:1 консултација со д-р Марија | ✗ | ✓ Вклучена | ✓ Вклучена |
| Пред-сесија анализа на PCOS профил | ✗ | ✓ | ✓ |
| Писмен персонален план | ✗ | ✓ | ✓ |
| Траење на пристап | Месечно | 3 месеци | 6 месеци |
| Индивидуален протокол/одговори по Viber | ✗ | ✗ | ✗ |
Не ми верувај мене —
верувај им на овие жени.
Секој збор е вистински — без монтажа, без скрипти.
Со години се соочував со полицистични јајници. Откако започнав со планот на Др. Марија, за три месеци успеав да намалам 14 килограми, менструалниот циклус се нормализираше и имав редовни овулации. Конечно останав бремена — природно, без никакви стимулации.
-14 кг · природна бременост ❤️Циклусите ми беа нередовни и доаѓаа на неколку месеци. Бременоста дојде природно, без притисок и на мое изненадување — од прв обид. Процесот кој го замислував како макотрпен, благодарение на докторката се случи на најлесен можен начин.
Бременост од прв обид 💜После безброј посети на нутриционисти и доктори без ефект, Д-р Марија ми ja промени сликата. Вртоглавица, brain fog, малаксаност, главоболки, безволност да го почнам денот — сè веке минато! 5 ★★★★★ сè премалку за таков доктор.
Brain fog & умор — решено ✓Подуеноста ја нема, наутро ставам полна со енергија, јадам количински многу и буквално се ситишувам. Кожата сјае на начин кој со ниедна рутина кремови не можев да постигнам. Постепено се си доаѓа на свое место — вклучувајќи и овулација.
Кожа + овулација вратена ✓Психолошки одлично чувство, намалување на кг, енергијата се врати, без повраќање/гадење, без отоци, без главоболки, без непроспиени ноки. БУКВАЛНО ВО УЖИВАЊЕ СО ДРУЖБА СЕ ПОСТИГНАА РЕЗУЛТАТИ. Тоа невозможното стана ВОЗМОЖНО.
Комплетна трансформација 💜Единствена докторка која ги разбира сите симптоми со кои се соочува една девојка/жена со PCOS. Тука не си само бројка — тука има љубезен пристап и решение за сите твои симптоми.
★★★★★По само еден месец со соодветна исхрана и суплементација, циклусот се врати назад. Дополнително мислам дека јадев многу повеќе од претходно, а килограмите одеа надолу. Кај неа не постои нешто што не може да се среди!
Циклус за 1 месец ✓Ми дијагностицираа ПЦОС со екстремно високи нивоа на кортизол и тестостерон. Место да почнам терапија со Метформин и Спиринолактон, одлучив да го пробам пристапот на Др. Марија. По 6 месеци, хормоналниот статус никогаш не ми бил подобар, циклусот ми е нормален, намалив телесна тежина и енергијата ми е на завидно ниво.
-тежина · нормален хормонален статус ✓Др. Марија со нејзиниот холистички пристап и несебично давање на цело нејзино знаење ми помогна да се вратам на патот наречен живот. Успеав да ги намалам симптомите на инсулинската резистенција — нема повеќе скокови на шеќерот и инсулинот. Вие за мене сте ѕвезда водилка.
Инсулинска резистенција — под контрола ✓Никогаш не сум мислела дека за толку краток период ќе постигнам вакви одлични резултати и ќе се чувствувам полна со енергија. Сè тоа е благодарение на Д-р Марија — секогаш тука за нас, посветена и внимателна кон секој. Од програмата за PCOS сум повеќе од задоволна!
Енергија вратена ✓2 недели точно откако почнав начинот на исхрана и сам — минус 6 кг. Пресреќна сам!
-6 кг за 2 недели ✓Вагата покажа -6 кг за 17 дена. Обемот исто намален. Пресреќна после долго не мрдање — ова е фантастичен резултат! И се е одма подруго и расположението и не сум толку нервозна.
-6 кг за 17 дена ✓Наmaliv vkupno 16 kg и сакам да вратам барем 4 кг — со здрав начин да ги додадам. Прашав докторката ниедна друга немаше одговор за ова, таа знае!
-16 кг вкупно ✓Мене одлично ми оди и сум -13 кг!
-13 кг ✓Добро утро др. Марија, сакам да ви се заблагодарам за сe до сега — да бидам ова што сум сега со -10 кг. Ви благодарам!
-10 кг ✓Менструалниот циклус ми се среди со сам почеток на елиминациона фаза, ослабев 6 кг во првиот месец. Почнав како голем скептик, мислам дека за прв пат си го слушам телото.
-6 кг · циклус среден · 1 месец ✓Цело време се чувствувам премногу заситена — дури немам ни еден десерт до сега направено. На само протеин и зеленчук не можам да опишам, но не е како претходно.
Глад — под контрола ✓Инаку и доста ослабев, а и целулитот го гледам дека го снемува полека.
Слабеење + целулит ✓Растеме Докторке, 9та недела веќе! Бев на контрола во 7ма недела, го видовме бебушко и срцева реакција — колку беше емотивно..
Бременост — 9. недела 🤰❤️Не ми се верува дека од прв месец со исхрана и суплементи, можно е да има нешто. Фала ви многу!
Резултати за 1 месец ✓Како изгледаат 6 месеци во PCOS LIFE?
Ова не е магија. Ова е пример кога жена со PCOS си дава 6 месеци вистинска работа.
Прво — инсулин и шеќер, паралелно со сон и стрес. Не држиме совршена „PCOS диета", туку реален план. Исчезнуваат вечерните „напади" на храна. Стомакот почнува да реагира поинаку после оброци. Чувството на замор и brain fog се намалува. Ова е фазата која 90% жени ја прекинуваат ако имаат само 1 месец.
Циклусот се скратува и станува попредвидлив. Крварењето е помалку хаотично, помалку болки. Падовите на енергија после јадење скоро исчезнуваат. Акните почнуваат да се намалуваат, особено оние околу брада и вилица. За прв пат се чувствуваш дека телото реагира логично на тоа што го правиш.
Контролата на инсулин и глад е нова нормала, не „фаза". Знаеш што ти работи и не мораш да мислиш за секој оброк. Учиш да го прошируваш изборот на храна без да ја нарушуваш стабилноста. Ако имаш цел за бременост — имаш многу подобра стартна точка за фертилитетски план, наместо хаотичен PCOS.
* Ова е илустративен пример. Секоја пациентка е своја приказна — напредокот зависи од индивидуалниот PCOS профил, почетна точка и доследност.
Одговори на прашањата кои секогаш ги добиваме.
За сите прашања поврзани со здравје и проблематиката — постои посебна форма која се отвора секој понеделник и останува отворена до четврток. Секоја членка што поставила прашање во формата, добива директен одговор од д-р Марија на групна Zoom сесија истата недела.
PCOS не чека.
Ти исто не треба.
Секој месец без акција е уште еден месец хаос со циклусот, тежината и симптомите. Избери го нивото на сериозност — и почни.
Услови за користење на членството
1. Што е членството?
PCOS LIFE е онлајн заедница направена за жени со полицистични јајници и инсулинска резистенција. Внатре добиваш: чекор-по-чекор едукација и материјали, поддршка од групата и д-р Марија, неделни Q&A сесии и (при COMMIT/TRANSFORM пакет) првична 1:1 консултација. Членството трае онолку колку што важи твојата претплата.
2. Како почнуваш?
Со уплата веднаш добиваш пристап до заедницата и материјалите. За да ја искористиш консултацијата со д-р Марија, треба да ги испратиш твоите анализи и да го пополниш краткиот прашалник.
3. Комуникација и поддршка
Здравствените и клинички прашања се поставуваат ИСКЛУЧИВО преку Q&A формата — не преку Viber, DM, е-маил или кој и да е друг канал. Тимот одговара во рамките на работното време. Клинички одговори од д-р Марија — за време на неделните сесии. Ова не е итна служба.
4. Начин на плаќање
- Месечно членство (FLEX): автоматски се обновува секој месец на истиот датум.
- Тримесечен пакет (COMMIT): еднократна уплата за 3 месеци кој се обновува на три месеци; пред истекот мора да ни пишеш за да се откаже членството или да се продолжи со друг пакет, самата одлучуваш.
- Шестмесечен пакет (TRANSFORM): еднократна уплата за 6 месеци кој се обновува, со можност за продолжување или откажување.
5. Откажување и рефундација
- Месечниот пакет може да се откаже - важи од следниот месец. Потребно е да ни пишеш пред да ти истече членството.
- За тримесечниот и шестмесечниот пакет нема можност за рефундација — со уплата веднаш добиваш целосен пристап до сите ресурси.
- За откажување, пишете на е-маил, вибер или преку формуларот за поддршка.
6. Правила на заедницата
- Материјалите ги користиш само за себе — не за дистрибуција.
- Во заедницата се однесуваш коректно и поддржувачки кон другите членки.
- Ги следиш насоките и роковите кои ги дава тимот.
7. Законски дел
Со уплатата се согласуваш на овие услови. Во случај на спор, важечките закони на Република Северна Македонија се применуваат како надлежна правна рамка.