Call To Action
Fertility Протокол — Д-р Марија | BekaMedika
⚡ Тековно слободни места: само 4 — протоколот работи со ограничен број парови месечно. Провери достапност →
Fertility Протокол · Д-р Марија · BekaMedika

Ти рекоа дека
сите анализи се во ред.
Зошто тогаш сè уште
немаш позитивен тест?

Не си виновна. Само никој никогаш
не погледнал на вистинското место.

Поредното ИВФ не успеа.
Па ти рекоа:
„Пробајте пак."

Без да знаат зошто не успеало.
Пред да платиш уште €4.000 за иста процедура —
некој треба прво да одговори на ова прашање.

Секое утро — терапија.
Секоја контрола — „TSH е во ред."
Секоја година — без бебе.

Никој не ти кажал дека „во ред" за лабораторија
и „оптимално за бременост" се две сосема различни работи.
Не те лажеле. Само никој не те погледнал доволно длабоко.

„Ослабни."
„Јади помалку."
„Движи се повеќе."

Три совети кои не чинат ништо —
кога инсулинот работи против тебе на клеточно ниво.
Не е до волјата. Никој едноставно не го решил вистинскиот проблем.

„АМХ ти е низок —
побрзај со IVF."

Оттогаш живееш
со часовник во глава.

Никој не ти кажа дека АМХ не е пресуда.
Квалитетот е она што е важно —
а квалитетот може да се подобри.

Години ти велеа дека болките
се „нормални за жени."
Операција. „Сега пробај природно."
Поминала уште година.

Отстраниле она што го виделе.
Она што останало внатре —
никој не го допрел.

„Ослабни, земај метформин,
спиронолактон и дојди
за 6 месеци."

Три години и три лекари подоцна — истиот рецепт.
Различни хартии, иста реченица.
Полицистичните јајници не се решаваат шаблонски кај сите исто.
Твојата ПЦОС бара твој пристап — никој никогаш не го направил тоа.

100% рефунд гаранција Одговор за 48 часа За неа и за него
Препознаваш ли се?

Ако се препознаваш во нешто
од ова — продолжи да читаш.

Се обидуваш да забременеш 6 месеци, година, две, повеќе — и ништо.

Гинекологот ти кажа дека „се е во ред" — хормоните, ехото, анализите. А пак не се случува.

Спермограмот на партнерот покажа „нормозооспермија" — никој не ви објасни дека стандардниот спермограм НЕ го мери тоа што навистина е важно.

Пробала диети, суплементи, чаеви, акупунктура, можеби IUI или IVF — и сè уште си тука.

Се чувствуваш виновна. Се прашуваш дали проблемот си ТИ.

Не е во тебе.
Проблемот е во тоа што НИКОЈ не го погледнал вистинскиот проблем.
Вистинската причина

Зошто ништо досега
не функционирало

Повеќето гинеколози го гледаат инфертилитетот вака: нејзини хормони + негов спермограм. Ако и двете се „нормални" — добивате „необјаснет инфертилитет" и упат на IVF. Но тука е проблемот:

1

Она што стандардната дијагностика го пропушта кај неа

Стандардниот хормонски панел дава слика само во еден момент. Не открива субклиничка инсулинска резистенција — присутна кај над 70% жени со PCOS — која директно ги нарушува квалитетот на ооцитите и овулацијата дури и при „нормален" циклус.

Субклиничниот Хашимото со TSH меѓу 2.5–4.5 изгледа „нормален" за лабораторија — но директно ја нарушува имплантацијата. Препорачаниот TSH за бременост е под 2.5. Идеален — под 2.0. Разликата ретко кој ја кажува.

Дефицитот на витамин Д, CoQ10 и нарушениот фолатен метаболизам поради MTHFR варијанти директно влијаат на способноста за имплантација — и остануваат невидливи за стандардниот гинеколог.

→ Нормално за лабораторија ≠ оптимално за фертилитет. Тоа е целата разлика.
И тоа е само половина од приказната.
2

Она што спермограмот НЕ го мери — а е клучно

Стандардниот спермограм го мери бројот, подвижноста и морфологијата. Не ја мери ДНК фрагментацијата на сперматозоидите — степенот на оштетување на генетскиот материјал кој се пренесува на ембрионот. Кај мажи со DFI над 25%, ембрионите имаат значително пониска способност за имплантација.

Оксидативниот стрес ги оштетува и спермалните мембрани и митохондриите — директно влијаејќи на функционалноста. Оваа состојба е третирлива со насочена терапија — но само ако некој прво ја побара.

→ Кај мажи со „нормален" спермограм и висока ДНК фрагментација — IVF и IUI имаат значително помали шанси. Никој тоа не го кажал.
3

Бројките говорат

Кај парови со „необјаснет инфертилитет", во над 60% биле пронајдени конкретни, третирливи фактори при поширока функционална обработка. Кај голем дел, отстранувањето на тие фактори резултирало со спонтана бременост без IVF.

Мажот е причинителен или придонесувачки фактор во 40–50% од случаите — но на него му е посветено под 10% од дијагностичкото внимание.

→ Решението постои. Само никој не го побарал на вистинското место.

Јас работам со ДВАЈЦАТА.

Не само со неа. Не само со него. Со ПАРОТ — затоа што бебето не е нејзин проект.

И тоа е разликата.

Вистински резултати

Парови кои поминаа низ
истото — и успеаа.

Секој пар бил на различно место. Секој добил поинаков пристап.

А·М
Ана и Марко34/36 год. · Необјаснет инфертилитет · 2 години обиди
Природна бременост

Две години обиди, сите анализи „нормални," препорака за IVF. При функционалната обработка: кај неа — субклиничен Хашимото со TSH 3.8 и дефицит на витамин Д (18 nmol/L). Кај него — ДНК фрагментација 38% при уреден стандарден спермограм. Никој претходно не ги правел овие тестови.

По 90-дневниот протокол: ДНК фрагментацијата паднала на 14%, TSH нормализиран на 1.8.

Природна бременост во 4-тиот месец. Без IVF.

Т·С
Тања и Стефан31/33 год. · „Нормален" спермограм · 3 неуспешни IUI
Машки фактор

Спермограм: нормозооспермија. „Кај него е ОК" — одговорот на три различни лекари. По три неуспешни IUI, подготвени за IVF. ДНК фрагментација: 44% — критично висока. Ниту еден лекар не го сугерирал овој тест.

Протоколот за него вклучи насочена антиоксидантна терапија (CoQ10, астаксантин, ликопен), диетарни промени и температурна оптимизација.

ДНК фрагментација паднала на 19%. Природна бременост — без IVF.

С·Д
Сузана и Димитар37/40 год. · 2 неуспешни IVF · €9.000 вложено
По неуспешен IVF

Две неуспешни IVF, „лоши ембриони" — беше дијагнозата. Функционалниот преглед покажа: кај неа — митохондријална дисфункција поради тежок дефицит на CoQ10, субоптимален TSH и MTHFR хомозигот. Кај него — оксидативен стрес со ROS 3× над нормала.

По 90-дневна оптимизација на двајцата, квалитетот на ооцитите и ембрионите значително се зголемил при третата IVF.

Трета IVF — позитивен тест. Бременост до термин.

Што добиваш

Fertility Протокол —
3 месеци персонализирана работа

Не курс. Не генерички план. Работа со доктор — за тебе и за него.

01

Детална email дијагностика од Д-р Марија

Ги прегледувам СИТЕ анализи — твои и на партнерот. Добиваш детален пишан план: исхрана, суплементи со дози и брендови, lifestyle промени, тајминг. Документ кој го имаш засекогаш — ништо не се заборава.

За неа и за него · Персонализирано
02

Персонализиран протокол — за тебе

Не генерички план — план направен ЗА ТЕБЕ, базиран на ТВОИТЕ анализи. PCOS, Хашимото, ендометриоза, низок AMH, ИР — секоја состојба добива различен, специфичен пристап.

03

Партнер протокол — за него

Бебето е заеднички проект. Партнерот добива свој пишан план: суплементи со дози, промени, анализи кои треба да ги направи. Вклучено во цената.

Вклучено · Без доплата
04

Програмски видео модули

Снимени видео модули за твојата состојба — исхрана, разбирање на анализите, оптимизација на циклусот, машки фактор. Ги гледаш во свое време, колку пати сакаш.

05

Завршен извештај — крај на Месец 3

Ги повторуваш анализите и ми ги праќаш. Добиваш детален пишан извештај: што се подобрило, каде стоиш сега, и точно што е следниот чекор — без неизвесност.

Дополнителна email консултација — €47

Ако имаш прашање во текот на 3-те месеци — праќаш email, добиваш детален пишан одговор во рок од 48 часа. По твоја потреба, не задолжително.

Инвестиција

Fertility Протокол

3-месечен персонализиран протокол

За неа и за него. Дијагностика, персонализиран план, видео модули, завршен извештај.

497
еднократно плаќање
Вклучено во цената
Email дијагностика и пишан план
Персонализиран протокол за неа
Партнер протокол за него
Видео модули за состојбата
Завршен извештај — Месец 3
100% рефунд гаранција
или на рати
За споредба
Еден IVF циклус €3.000 – €5.000
3 посети кај гинеколог €150–300 + „пробајте пак"
Fertility Протокол — 3 месеци со доктор €497

Мое ветување — не само гаранција

Ако после прегледот на твоите анализи проценам дека протоколот не е вистинскиот пристап за твојата ситуација — ти враќам 100% од инвестицијата.

Ова не е комерцијална гаранција. Тоа е мое ветување дека никогаш нема да те ставам во програма само за да те ставам. Ако не можам искрено да помогнам — ти кажувам тоа, и те насочувам кон вистинскиот пат.

Нема автоматско продолжување. Нема скриени наплати. Целосна транспарентност — од почеток до крај.

ЧПП — Често поставувани прашања

Се двоумиш?
Тука се одговорите.

Дали е ова за мене ако имам PCOS / Хашимото / ендометриоза / низок AMH?

Да. Протоколот е ПЕРСОНАЛИЗИРАН — го адаптирам за твојата конкретна ситуација. Не добиваш генерички план — добиваш план направен ЗА ТЕБЕ, базиран на твоите специфични анализи и состојба.

Дали го вклучува и партнерот?

Да. Вклучено во цената. Една од најважните работи кои ги правам е да го проценам И неговиот фактор — дури и кога стандардниот спермограм вели „нормално." ДНК фрагментацијата и оксидативниот стрес се невидливи за стандардниот спермограм — но клучни за успехот.

Дали имам Zoom повик со докторката?

Протоколот работи преку детални пишани консултации. Зошто? Затоа што пишаниот план е ПОДОБАР — го имаш засекогаш, можеш да го прочиташ повторно, да го покажеш на партнерот. Секоја насока е црно на бело — суплементи, дози, брендови, тајминг. Ништо не се заборава.

Колку време трае?

3 месеци. На крајот добиваш завршен извештај со проценка каде стоиш. Ако твојата ситуација бара повеќе — продолжување е можно. Тоа е одделна одлука. Нема автоматско наплаќање.

Дали е ова наместо IVF?

Не наместо — ПРЕД. Fertility Протоколот ги подобрува шансите и за природно забременување, и за IVF ако одлучите да продолжите. Подготвена матка + оптимизирана сперма = значително подобри резултати при ART процедури.

Дали е ова онлајн курс?

Не. Добиваш видео модули — да. Но клучната разлика е дека јас ЛИЧНО ги прегледувам твоите анализи, правам пишан план ЗА ТЕБЕ, и ти праќам завршен извештај. Ова е работа со доктор, не курс со генерички совети.

Што точно добивам за €497?

1. Детална пишана дијагностика и план (за тебе + за него) · 2. Персонализиран 3-месечен протокол · 3. Партнер протокол (вклучено) · 4. Видео модули за твојата состојба · 5. Завршен пишан извештај на крај на Месец 3 · 6. Можност за дополнителна email консултација (€47) · 7. 100% рефунд гаранција.

Знам дека е тешко.
Знам дека си умorna.
Знам дека си пробала се.

Но кај повеќето парови, одговорот постои
само никој не го побарал на вистинското место.
Ако си спремна да го побараме заедно:

М
Д-р Марија Fertility & Функционална медицина · BekaMedika