Некои парови не сакаат
само план.
Сакаат некој да биде
со нив сè до крај.
6 месеци. Персонализирано. Со месечна поддршка.
Со Zoom консултација на почетокот — лице в лице, не само хартија.
За парови кои сакаат да знаат дека некој ги гледа.
Постојат состојби кои
бараат повеќе од 90 дена.
3-месечниот протокол е одличен старт. Но некои парови имаат поголема слика — поголема историја, покомплексна ситуација, и сакаат продолжена поддршка. За нив постои Premium.
Секој чекор — детално.
Premium протоколот не е само подолг план. Тоа е поинаков вид поддршка — со мене присутна во текот на целите 6 месеци.
Пред да добиеш план, ние зборуваме. Јас слушам — целата историја, не само анализите. Кои лекари сте виделе, што ви рекле, што сте пробале, каде чувствуваш дека е проблемот. Ниедна хартија не го кажува тоа.
На крај на Zoom: добиваш јасна насока — уште пред пишаниот план да пристигне.
Ги прегледувам СИТЕ анализи — твои и на партнерот. Добиваш детален пишан план: исхрана, суплементи со дози и брендови, lifestyle промени, тајминг. Документ кој го имаш засекогаш.
Секој месец, ми праќаш email со прашањето, обновувањето, промените. Јас одговарам детално — во рок од 48 часа. Не чекаш, не се прашуваш дали си на вистинскиот пат.
Ова е разликата помеѓу да добиеш план и да имаш некој кој те следи.
На средина на патот ги повторуваш клучните анализи. Јас ги прегледувам и правам прилагодување на протоколот — ако нешто треба да се промени, го менуваме.
Добиваш пишан среден извештај: каде стоиш, што се подобрило, и точно како продолжуваме.
На крај на 6-от месец — комплетна проценка. Ги повторуваш анализите, ми ги праќаш. Добиваш детален завршен извештај: целосна слика на прогресот и точна насока — природно, IUI, IVF или дополнителни чекори.
Не заминуваш без да знаеш каде стоиш и каде оди следно.
Месец по месец — знаеш
каде одиш и со кого.
Fertility Протокол Premium
Zoom консултација + месечна поддршка + два извештаи. За неа и за него. Целосно персонализирано.
Дополнителна email консултација — €47
Надвор од месечната — ако имаш итно прашање, нов наод или промена. По твоја потреба, не задолжително.
Прашања за Premium протоколот
Кога е закажана Zoom консултацијата?
По потврдување на твоето место и уплата, добиваш email со линк за закажување. Zoom се одржува во рок од 5 работни дена, по твоја слободна термин. Консултацијата трае 45 до 60 минути.
Како функционира месечната email консултација?
Еднаш месечно можеш да ми испратиш email со твоето прашање, обновување или нов наод. Одговарам детално во рок од 48 часа. Дополнително email (надвор од месечното) е достапно на €47 по потреба.
Зошто 6 месеци — не е доволно 3?
За многу парови — 3 месеци е одличен старт. Но сперматогенезата трае 74 дена, оогенезата 90–120 дена. Ако имате поголема историја или поголема сложеност — 6 месеци значи простор да видиме вистински резултат, да прилагодиме во Месец 3 и да завршиме со целосна слика.
Дали го вклучува и партнерот?
Да — вклучено во цената. Партнерот добива свој пишан план, своја стратегија за анализите (вклучувајќи ДНК фрагментација и оксидативен стрес). Бебето е заеднички проект — работам со двајцата.
Кога добивам пишаниот план?
По Zoom консултацијата и по доставените анализи, пишаниот план пристигнува во рок од 5–7 работни дена. Детален документ — суплементи со дози и брендови, исхрана, тајминг. Ништо генеричко.
Може ли да го надградам 3M протоколот на Premium?
Ако веќе си во 3-месечниот протокол, напиши ми на email и ќе видиме заедно дали надградбата има смисла за твојата ситуација. Секој случај е различен.
Што ако видам резултати пред крај на 6-тиот месец?
Тоа е најдобриот исход. Ако забременеш во текот на протоколот — ме информираш, и заедно одлучуваме дали продолжуваме со поддршка или протоколот е завршен. Целта е бебето — не да го исполниме бројот месеци.
6 месеци со некој
кој навистина те гледа.
Тоа е различно.
Не само план. Не само анализи.
Присуство, следење, прилагодување —
додека не добиеме одговор.